Што е Втор Дом?
Втор Дом е место каде предметите што повеќе не ти требаат можат да најдат нов дом.
Имаш мебел, апарат, декорација или детски работи што само зафаќаат простор? Наместо да ги фрлиш, објави ги на Втор Дом и поврзи се со некој кому навистина му требаат.
Како функционира?
1. Објави оглас
Додај слики, краток опис, состојба и цена.
2. Поврзи се
Заинтересираните корисници можат директно да ти испратат порака преку Втор Дом.
3. Договорете се
Цената, преземањето и останатите детали ги договарате директно меѓу себе.
Од дом за дом. Помалку отпад, повеќе корист.